Македонските државјани наместо со патна исправа, може да патуваат со важечка лична карта во Албанија, Црна Гора, Косово и Србија. Ако сакате да уживате во убавините на Јадранското Море, можете да стигнете до Албанија и Црна Гора и без пасош.
Доколку се одлучите набрзо да патувате надвор од границите на Македонија треба да поседувате доволно парични средства (во готово, кредитни картички, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Храна и сместување по многу евтини цени – погледнете колку пари чини одмор во Албанија
За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.
извор: tocka.com.mk