Една минхенска пивница пронашла нов начин како да го надмине недостигот на масло за јадење во Европа. Нивните гости плаќаат пиво со сончогледово масло.
Менаџерите на пивницата „Giesinger“ во јужниот дел на Минхен мислат дека имаат одговор нудејќи им на љубителите на пиво за литар од својот омилен пијалак да платат со литар масло.
„Останавме без масло во кујната и моравме да бидеме иновативни“, рекол менаџерот Ерик Хофман за „Reuters“. Досега собрале 400 литри масло.
Литар пиво чини седум евра во германските пабови, додека литар масло во продавниците чини 4,5 евра, поради што понудата на оваа пивница е примамлива.