На конкурсот можат да се пријават и мажи и жени, а возраста не е проблем, се разбира, за оние кои имаат соодветни квалификации
„Дојче Бан“, односно Германските железници објави оглас на Фејсбук и Инстаграм за вработување на српски и хрватски јазик.
Германски железници им нуди на работниците сигурна плата, договор за неопределено вработување, обука за германски јазик и помош при преселување во Германија!
Како што е наведено, се бараат вкупно 15.000 железничари, а во моментов има конкурс за машиновозачи.
На конкурсот можат да се пријават и мажи и жени, а возраста не е проблем, се разбира, за оние кои имаат соодветни квалификации.
Нема старосна граница, единствено што треба да се има предвид е дека според германските закони, дозвола за управување воз можат да добијат само постари од 21 година – стои во делот „Често поставувани прашања“.
За преселбата ќе се погрижи стручно лице од нашата компанија, кое на кандидатот ќе му помогне со сите потребни документи кои треба да се пополнат. Успешните кандидати ќе добијат индивидуален план за преселба со сите потребни информации – велат од Германски железници.
Пред да бидат ангажирани, потенцијалните кандидати ќе поминат обука која ќе се одржи во Базел, Швајцарија.
Текстот е превземен од emigriko.mk