Поради штрајк на вработените во Италија откажани неколку стотици летови
Неколку стотици летови беа откажани денеска во Италија, среде празнично патување, поради четиричасовни штрајкови на вработените во нискобуџетните авиокомпании и контролорите на летови.
Фабрицио Кушито, функционер на синдикатот на работниците во воздухопловството, изјави за италијанската државна телевизија дека се откажани околу 500 летови, додавајќи дека работниците во авиокомпаниите бараат подобри плати и подобри работни услови, вклучително и оброци за време на долгите смени, пренесува АП.