Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, деновиве целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта - алертна фаза.
Од ЈП Паркови и зеленило апелираат до сите граѓани при посета на Водно и другите излетнички места и шуми, да бидат многу внимателни со отпушоците од цигари, да не палат оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари.
- Воедно доколку забележите пожар ве молиме да го пријавите на тел. 195 во Центарот за управување со кризи, велат надлежните.
извор: skopjeinfo.mk