На 21 и 22 септември во Ровињ ќе се одржи јубилејното издание на водечката регионална конференција за човечки ресурси, која од 2013 година ја собира HR заедницата на едно место!
Два месеци не делат од овогодинешната вкупно 10-та по ред средба на регионалната HR заедницата во Ровињ, организирана од МОЈ ПОСАО хрватскиот партнер на Вработување.ком -а вашето место можете да го обезбедите по цена на Early Bird до 31 јули.
На дводневната конференција во фокус ќе биде темата за Успешните лидери кои правт разлика.
Успешните лидери, оние кои со својата работа ја стекнале довербата на луѓето околу себе, добро ги водат своите вработени, им пренесуваат знаења, ги мотивираат и ги водат тимските процеси, од друга страна, неуспешните менаџери со своите одлуки и постапки им го загорчуваат животот на своите подредени и се причина за финансиски загуби за фирмите за кои работат.
Во време на 'Big Quita' и безпоштедни борби за секој кандидат која веќе некое време се случува на пазарот на труд, добрите лидери ја прават разликата.
Ќе се зборува многу за одличните лидери и вештините што тие ги поседуваат, како и за градење инклузивна деловна култура проткаена со емпатија и автентичност.
На 21 и 22 септември во Ровињ ќе се одржи јубилејното издание на водечката регионална конференција за човечки ресурси, која од 2013 година ја собира HR заедницата на едно место!
Што ве очекува на конференцијата?
1.Светски познати предавачи
Водечките светски авторитети во областа на човечките ресурси ќе го споделат своето богато знаење и искуство со вас. Ненадминливиот комуникациски експерт Антони Ласинаи, мултикултурниот експерт д-р Еви Прокопи, бизнис тренерот Пилар Кабрал Мајеровиќ, „директорот на ентузијазам“ Јохан Дрисенс, „Главен директор за срце“ Клод Силвер, извршен тренер и предавач Даниела Ландхер ии доцент Маја Пармачесва Галиќ од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб. Повеќе детали за нивните предавања можете да најдете ТУКА.
2.Мастерклас работилница „Јас како лидер“
Сите ние сме, повеќе или помалку успешни, „лидери на сопствените животи“. Целта на овој мастерклас предводен од Пилар Кабрал Мајеровиќ е да се нурнеме длабоко во себе како би откриле дали сме лидерите какви што отсекогаш сакавме да бидеме. Ова е можност да се видите себеси „однадвор“, низ поинаква перспектива, а притоа да ја разбудите вашата љубопитност користејќи ги сите достапни сетила. Љубопитноста, разиграноста и ранливоста се повеќе од добредојдени, вели Пилар!
Работилници, работилници, работилници!
Ако нешто научивме за време на сите претходни изданија на конференции, тоа е дека никогаш нема доволно квалитетни работилници! Токму затоа оваа година има серија корисни и практични работилници:
- 'How to win the war for talent? Start keeping your talent!', Johan Driessens
- 'Hiring - Culture add or culture fit', Daniela Landherr
- 'Lideri u doba Big Quita: Pet ključnih vještina vođenja ljudi', Zvonimir Galić i Maja Parmač Kovačić
- 'Kakva je veza između leadershipa i bolovanja?', Sandra Ćupurdija i Maja Vučić
Дали имате практика за човечки ресурси која ја променила работната атмосфера и задоволството на подобро? Пријавете се на конкурсот за најдобри регионални практики за човечки ресурси!
Стручното жири ќе избере пет најдобри практики, кои ќе имаат можност да се претстават пред публиката на конференцијата. Публиката, исто така, ќе го има последниот збор за тоа кои практики ќе добијат признание за Најдобрите регионални практики за човечки ресурси.
Новост е дека од оваа година, освен компании од Хрватска, практика можат да пријават и компании од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Словенија и Србија.
Рокот за пријавување до 25 јули - затоа побрзајте!
Како што можете да видите, постојат многу причини зошто ниту еден професионалец за човечки ресурси не треба да ги пропушти овогодинешните HR денови и да го обезбеди своето место на конференцијата по цена на Early Bird до 31 јули.
Се гледаме во Ровињ!