Повеќе од 38 милиони вработени граѓани на Европа не можат да си дозволат ниту седум дена одмор, покажува истражувањето на Европската конфедерација на синдикати.
Зголемените трошоци за живот го зголемуваат притисокот врз вработените, меѓу кои бројот на оние кои изјавуваат дека сè потешко врзуваат крај со крај и не можат да си дозволат ни седумдневен одмор.
Уделот на населението што не може да си дозволи годишен одмор од финансиски причини се зголеми од 2019 година во повеќе од половина од земјите членки на Европската унија, додека бројот на вработени кои не можеле да си дозволат се зголемил во 11 земји.
Најмногу работници кои не можат да „побегнат“ од работа има во Италија – осум милиони, потоа Шпанија – 4,6 милиони, Франција – 4,1 милиони, Романија – 3,9 милиони и Грција – 1,6 милиони.
Европската конфедерација на синдикати оценува дека „голема е веројатноста „сиромаштијата во однос на одморот“ да стане уште полоша поради зголемените животни трошоци и инфлацијата“. Затоа најголемото европско синдикално седиште ја нагласува потребата работниците ширум Европа да добијат пристојно зголемување на платите ова лето.
Годишниот одмор не треба да биде луксуз
„Годишниот одмор не треба да биде луксуз, туку важен дел од грижата за здравјето на работниците, што не е остварливо за многу луѓе кои мака мачат да обезбедат храна и да платат кирија. Во исто време, „животот е плажа“ за газдите кои ја искористија пандемијата за да добијат уште повеќе профит обезбедени од нивната работна сила. Растечката нееднаквост во користењето на годишните одмори покажува дека европската економија не работи во интерес на работниците“, рекоа експертите.
извор: biznisinfo.mk