Најголемиот германски работодавач, аеродромот во Франкфурт, објави дека бара работници. Платата што ја дава е од 25.000 до 30.000 евра годишно и има обезбедено сместување.
Работниците треба да имаат основни познавања на германскиот и англискиот јазик, а освен квалификувани работници ќе се вработуваат и без квалификации, објави германски „Шпигел“.
Аеродромот во Франкфурт вработува 81.000 работници, но работната сила и понатаму им недостасува и очајнички бараат нова.
Платата за едноствани работни места е помеѓу 25 и 30 илјади евра годишно, а на работниците им се нуди и поефтино сместување кое не треба да чини повеќе од 350 евра, пишува германскиот весник.
Во случај платата да биде 25.000 евра бруто, тоа значи дека на работникот ќе му остане помеѓу 1.600 и 1.700 евра месечно.