Сè што треба да знаете за пазарот на труд и како да се истакнете
Понекогаш е тешко да се снајдете во морето од информации за пазарот на трудот, па затоа Vrabotuvanje.com подготвува вебинар пред најголемиот онлајн Регионален саем за вработување.
За сите работодавaчи кои сакаат да се истакнат на пазарот на трудот и да најдат квалитетни кандидати, Vrabotuvanje.com, заедно со партнерите од регионот, MojPosao – Хрватска, Poslovi Infostud – Србија, Deloglasnik – Словенија и MojPosao.ba – Босна и Херцеговина го организира најголемиот онлајн Регионален саем за вработување активен во исто време во Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија, тринаесетта година по ред.
Можете да се истакнете како брендиран, ексклузивен или премиум изложувач. Кој штанд и да го изберете, секој од нив нуди бројни поволности и пропорционално учество во медиумска кампања која вклучува објави и кампањи на платформите на Vrabotuvanje.com. Детални спецификации на штандовите може да се најдат во презентацијата.
Што се случува на пазарот на трудот во регионот и ЕУ?
Во времето кога повеќето од нас целосно ќе се вратат во својата деловна рутина по летниот одмор, ќе ве пречека септемвриско уживање, вебинар на тема „Што се случува на пазарот на трудот во регионот и ЕУ“.
Вебинарот е закажан за 7 септември од 14:00 до 15:30 часот, а за него можете да се регистрирате уште сега за да добиете потсетник и линк непосредно пред преносот во живо.
На вебинарот ќе присуствуваат Веса-Пекка Кирси, Виш потпретседател/раководител на Alma Career групацијата на портали за вработување во ЦИЕ, Балтикот, Балканот и Финска, како и лидерите на водечките регионални портали за вработување: Дарко Велков, Генерален менаџер на Vrabotuvanje.com, Игор Жоња, Извршен директор/претседател на Tau on line d.o.o /Порталот MojPosao – Хрватска, Соња Четковиќ, Управен директор на Poslovi Infostud – Србија, Мерсиха Мима Мехиќ, Генерален директор директор, Колектив (MojPosao.ba) – Босна и Херцеговина, и Томаж Беркопец, Директор на порталот Deloglasnik – Словенија. Вебинарот ќе понуди корисни информации за трендовите на пазарот на трудот, движењето на работната сила надвор и во границите на регионот и ЕУ, задржување на постоечките вработени и привлекување квалитетни кандидати, како и други бројни актуелни теми.
Пријавете се на Регионалниот саем за вработување до 31 август и зграпчете го летниот попуст од 10%!