На целата територија на државава ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. УВ-индексот ќе биде многу висок...
До среда подрачјето на нашата земја и натаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Денеска максимални температури ќе го достигне 40-от степен. На целата територија на државава ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. УВ-индексот ќе биде многу висок, девет.
На предлог на Министерството за здравство, Владата во петокот ја измени одлуката со препораките поврзани со топлотниот бран, со која ослободување од работни обврски на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години, е продолжена да важи до 27-ми јули.
Се упатува и апел до јавноста и граѓаните за внимателно движење во шумите и избегнување дејствија кои на отворен простор можат да предизвикаат пожар.