Застрашувачки факт е дека 3 од вашите 10 нововработени веројатно ќе дадат отказ во рок од првите 90 дена откако ќе се вработат. Нивните причини за напуштање на работното место можат да бидат различни, од неподготвеност за сработување на нивните работни задачи, некој инцидент во канцеларија или пак, едноставно нема да им се допадне културата на компанијата. Мора да признаете дека ова губи многу од вашето време и пари на вашата компанија, а реалноста е дека може да се спречи со ефективна програма или стратегија. Еве како:
Посакајте му топло добредојде на вашиот нов вработен
Онбординг програмата започнува уште пред првиот ден во канцеларија, односно веднаш по потпишувањето на договорот за вработување. Периодот помеѓу договорот и првиот работен ден е клучен за вашиот нововработен да се чувствува добредојден.
Еве што да направите откако договорот е потпишан
Обезбедете подарок за добредојде кој ќе го чека нововработениот на неговото биро во канцеларија. Ваквото искуство помага новиот вработен во компанијата да направи полесна транзиција во новата работна улога, да се релаксира и полесно да се поврзе со новите колеги.
Испратете e-mail во кој ќе му претставите што може да очекува, 48 часа пред првиот работен ден. Ова е одличен начин со кој можете да изградите структура и самодоверба, да разјасните што да облече, што да донесе на првиот ден, како и сите други важни информации.
Подобрете го задржувањето на вашите вработени преку градење на значајни врски
Градење и формирањето на овие врски на работното место со колегите исто така треба да започне веднаш штом новиот вработен ќе го прифати договорот, но треба да продолжат да растат во текот на нивниот ангажман во компанијата.
Што можете да направите за да изградите силна врска
Испратете е-mail кој ќе го поврзе нововработениот подлабоко со вашата култура, мисија и вредностите во вашата компанијата.
Охрабрете го новиот вработен да биде самоуверен и да се препушти целосно во својата работа, овозможувајќи му не само да се поврзе со колегите, туку и со самата компанија.
Насочете го нововработениот за тоа како компанијата комуницира: дали е тоа преку Slack, Viber или пак е-mail. Ова е особено важно за вработените што работат remote.
Разјаснете ја улогата на нововработениот
Оваа стратегија за задржување на вашите вработени на нивното ново работно место е многу важна за милениумците меѓу вашите вработени, бидејќи тие сакаат да се уверат дека вистински прават разлика и имаат влијание врз компанијата.
Како можете тоа да го направите
Разјаснете како изгледа успехот во вашата компанија.
Идентификувајте и воспоставете ги целите на тимот на нововработениот.
Имајте искрени тековни сесии во кој ќе разменувате повратни информации со нововработениот и неговиот менаџер.
Со добра онбординг програма за нововработените, стапката за задржување се подобрува за 82% и продуктивноста на истите се подобрува за 70%. Кога вработените се добро приспособени и си ја знаат својата улога во компанијата, докажано е дека тие се поуспешни и посреќни на работа.