Хотелот Александар палас е водечки хотел во Македонија, кој е сместен на десната страна на реката Вардар, во близина на Градскиот парк, оддалечен само 3 км од центарот на градот, во непосредна близина на најзначајните административни, културни и историски објекти. Хотелот располага со 135 климатизирани соби вклучувајќи и 22 апартмани: јуниор , егзекутив и претседателски апартман.
Сите соби се комплетно опремени со: директна телефонска линија, 32” and 42” лед смарт ТВ (LED Smart TV), сателитска и кабловска ТВ, брз безжичен интернет, приклучок за интернет, мини-бар и сл. Исто така, хотелот располага со модерен конгресен и банкет-центар, составен од мултифункционални конференциски сали со капацитет од 1800 седишта и 4 помали сали со целосна техничка опрема за бизнис состаноци.
Ресторанот „а ла кард“ и аперитив-барот нудат богат избор на национални и интернационални специјалитети и широк асортиман на висококвалитените локални вина на винарницата Сковин.
Во хотелот има СПА и фитнес-центар со современа опрема за фитнес, внатрешен базен, сауни, парна бања и џакузи. За љубителите на спортот хотелот поседува 6 тениски терени со тврда подлога (plexicushion) и 2 терени за кошарка.
Хотелот има гаража со капацитет од 40 возила и голем простор за паркирање пред влезот.
Останати хотелски услуги:
- 24 часа рецепција и портирска служба;
- 24 часа собна услуга;
- изнајмување возила;
- аеродромски трансфер (групен или индивидуален);
- паркинг (подземна гаража и надворешен паркинг);
- пералница и хемиско чистење;
- продавница за подароци и сувенири.
Хотелот Александар палас има потреба од нов член во својот тим. За таа цел отворена е позицијата:
ТЕХНИЧКО ЛИЦЕ (ХАУСМАЈСТОР) - ЛИНК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Потребни квалификации:
- Средна стручна спрема
- Познавање во област од електрика,водовод, компјутери,
- Со работно искуство
- Возачка дозвола Б категорија
- Познавање на Англиски јазик
- Работа во две смени
Личен профил:
- Комуникативна, одговорна и лојална личност
- Самоиницијативност и посветеност на работата
- Тимски работник
Нудиме:
- Редовна месечна плата
- Редовно пријавени на полно работно време, социјално и здравствено осигурани
- Работа во компанија со над 20 години искуство
- Пријатна работна атмосфера
- Летен и зимски одмор