Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2022 година, Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1.5 % на месечно и за 21.9 % на годишно ниво
Во јуни 2022, во споредба со мај 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 1.1 %, Капитални производи за 0.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.1 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 1.1 %.
Во јуни 2022, во споредба со јуни 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 25.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 28.6 %, Капитални производи за 75.3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 7.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14.6 %.