Форсирањето на вработените луѓе помлади од 55 години да доаѓаат на работа пред 10 часот наутро е контрапродуктивно. Вработените се уморни, имунитетот ослабен со тоа што се посклони кон заболувања и се под поголем стрес.
„Нивните тела се исцрпени поради недоволното спиење, а тоа влијае на продуктивноста. После 55-годишна возраст на луѓето им е потребно помалку спиење, но до тогаш треба да почнуваат со работа во 10 часот наутро за да бидат полни со елан и продуктивност. Работниот ден би требало да започне подоцна и за учениците и студентите, односно во 11 часот, истакнува Пол Кели, научник од Оксфорд.
Истражувањата покажале дека просечниот ученик на 10-годишна возраст не може квалитетно да ѝ се посвети на наставата пред 8.30 часот, а средношколците кои се постари од 16 години не може квалитетно да ја следат наставата пред 10 часот наутро.
За студентите пак најдоброто време да се започне со предавањата е 11 часот. Сите овие групи би учеле подобро и би имале помалку проблеми во поглед на нивното однесување кога би биле поодморени и добро наспани.
„Ние живееме во ненаспано општество. Не можеме да го смениме нашиот 24-часовен биоритам. Не можеме едноставно да научиме да се будиме во одредено време. Нашето тело живее во хармонија со сонцето, недостатокот на сон е мачење.
Општеството би требало да го адаптира почетокот на работното време, училишните часови и факултетските предавања со биолошкиот часовник на човекот.
Во спротивно, кај вработените луѓе, учениците и студентите се појавуваат бројни здравствени и психолошки растројства“.