Злоупотребите за вработување по етничка припадност како да немаат крај. Досега во повеќе наврати јавноста дозна како граѓани се пријавуваат како друга етничка заедница, но можеби го имаме рекордерот. Искористил шанса да се пријави како Македонец, но и како Ром, Албанец и Турчин, искористувајќи ги "дупките" во системот.
Ова лице на огласот за пополнување на неколку работни места на ДКСК, за советник за информатичка технологија се пријавил како Турчин, а победил кандидат Албанец.
Оваа очигледна злоупотреба на уставно загарантираното право на етничка припадност како и на алатката за соодветна и правична застапеност на етничките заедници во администрацијата, го утврдиле одговорните лица на ДКСК и го пријавиле.
Но, Агенцијата за адимнистрација ги прифатила аргументите на кандидатот и им наложла на ДКСК да го изберат советникот, кој во молбата запишал дека е Ром.
Од ДКСК за овој случај со нивниот нов колега велат дека надлежните мора да најдат начин да се спречат злоупотребите или да се укине балансерот за соодветна застапеност на етничките заедници во јавниот сектор. Тие велат дека овој случај веќе е пријавен во обвинителството.
извор: vecer.mk