Во случај на оштетено возило од непознат сторител кое оштетување не е причинето со употреба на познато моторно возило, туку со непознат цврст предмет, сопственикот на оштетено возило случајот треба веднаш да го пријави во најблиската подрачна канцеларија на министерството за внатрешни работи. Со самото пријавување дека возило кое е во негова сопственост или владение е оштетено и добивањето на службена белешка, односно Потврда за настанот од страна на министерството за внатрешни работiи, не значи и остварување на правото за надомест на претрпена материјална штета, но истото е граѓанска одговорност и давање можност за откривање на сторителот и негово санкционирање.
Тоа што сите возила се осигурани со регистрацијата, мора да се посочи дека тоа е друг вид на осигурување преку кој не го осигуруваме нашето возило, туку нашата одговорност за штети кои ние или некој кој со наша дозвола ќе го управува со возилото ќе ги предизвика на трети лица.
Осигурувањето кое македонските граѓани го купуваат при регистрација на возилото е осигурување од автомобилска одговорност и истото е задолжителен вид на осигурување, додека, осигурување на моторното возило – Каско, е доброволен вид на осигурување и осигурување со кое обезбедуваме осигурително покритие за нашиот имот (возило).
Во кој случај следува обесштетување и како да се реализира?
Сопственик на моторно возило кое било оштетено во ваков настан, има право на обесштетување во случај доколку има Каско-полиса, а постапката за пријава на штета е едноставна.
По враќање во Македонија штетата треба да ја пријави во Друштвото за осигурување од кое има обезбедено полиса за осигурување на моторни возила – каско, со давање на опис на настанот и потврда дека истиот е пријавен во министерството за внатрешни работи. Во пракса, како за овој вид на случаи, така и за кој било вид на штета се препорачува доставување на слики од лице место, кои ја олеснуваат и убрзуваат постапката за обесштетување.
Втората и далеку посложена можност за обесштетување, што во пракса речиси и да не се остварува, вели тој, е по откривање на сторителот кој ги оштетил возлилата, покренување на судска постапка, по која тој би бил задолжен да ги надомести предизвиканите штети.
Што значи Зелената карта?
Зелената карта е проширување на територијалното покритие на осигурувањето од автоодговорност. Таа ги покрива штетите на трети лица предизвикани од страна на осигуреникот (возачот на осигуреното возило), настанати надвор од територија на Македонија и важи во сите европски земји кои се наведени во истата. Овие штети ги покрива осигурителната компанија преку која е издадена Зелената карта. Во случаите како што ги гледаме деновиве, се работи за оштетување на возила со македонски регистрации од непознат сторител. Штетите во ваков случај се предмет на Каско-осигурување кое сопствениците можат доброволно да одлучат да си го обезбедат.
извор: novamakedonija.com.mk