Град Скопје, денеска објави повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје.
Паричната субвенција изнесува 10.000 денари по апликант.
Право на учество на јавниот повик имаат: Занаетчии кои не добиле буџетски средства од проекти за субвенционирање од Град Скопје во тековната година; и Занаетчиите кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и обавуваат занаетчиски дејности во изумирање, кои согласно обработените податоци бележат намалување на активноста во континуитет, и тоа следните занаети: јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија).
За потребни документи за пријавување, како и за субвенционирањето на трошоците повеќе детали се објавени во јавниот повик како и на линкот
https://skopje.gov.mk/media/8929/javen-povik-za-subvencii-za-zanaetgii.pdf, а информации може да се добијат и во Одделението за поддршка на развој на занаетчиство и трговија Контакт тел: (02) 3297-372 и 3297-328.
Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот ,,Прв дојден прв услужен”.
Потребната документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копии заверени на нотар.
извор: biznisvesti.mk