Иако станува збор за сезонско овошје чиј вкус не е посебно поинаков од останатите плодови, во Јапонија овие ремек дела се продаваат и до 20 000 евра по парче.
Сембикија е една од најпознатите пиљари на светот, а основана е во 1834 година.
Позната е по посебно обликувани плодови на овошје и зеленчук, чии пропорции се споредуваат со уметнички дела. Ова компанија продава лубеници во облик на срце, грозје со големина на понг – понг топче, јагоди кои неодоливо наликуваат на топчиња за тенис… Својата виртуозност вработените во оваа компанија ја развивале речиси два века.
Цена на градинарски и овошни производи ги прават овие две гранки на полјоделство доста исплатливи затоа што Јапонија е земја со доста мали површини на обработливо земјиште. Ако се земе во предвид и вештина на обликување на плодовите, не е чуден фактот што овие производи на јапонскиот и светски пазар досегнуваат цена на една гарсониера во Скопје.
-Многу е тешко да се направи обликувано овошје. Да ги земеме на пример јагодите. Нашите специјалност е да ги обликуваме во правилна топка“, се зборовите на сопственикот на фирмата Ничија Окуде.
Јагодите растат во текот на 45 дена, во посебни услови кои владеат на фармата на Окуде. На крајот на производниот процес, Окуда продава околу 500 јагоди со големина тениско топче. Вкупната количина ја уновчува за околу 500 000 јени, што е малку повеќе од 4 000 евра.
- Потребни се околу 15 години учење и работа за да се постигне нивото на перфекција, вели Окуде.
Јапонија е земја во која овошјето зазема исклучително важно место во пирамидата на исхраната на општеството. Поради природните потенцијали, Јапонците не можат да се пофалат со големи производствен капацитети.
-Овошје се смета за луксуз. Поради тоа плодовите играат многу важна улога во сложените ритуали на давање и примање на подароци“, вели професорот од Универзитетот Висконси – Медисон Сојен Шим.
Еден од најпопуларните производи во јапонската пиљара е грозје кое има форма на пинг – понг топче. Сепак, во текот на сезоната се произведуваат само 2400 грозда, а цената на еден изнесува неверојатни 1000 евра.