![Оваа учебна година ќе започне на 1 септември, а секоја следна ќе започнува на 10 септември](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/d5/1db6e15d-resize-820x0x100.jpg)
Основците и средношколците во земјава годинава се враќаат на училиште од 1-ви септември, иако имаше идеја учебната година да стартува 10 дена подоцна, односно на 12-ти септември, потврди за Мета.мк министерот за образование. Оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во тој случај ќе трае до 20 јуни.
Од 1 септември, треба да започне учењето по новиот концепт кој ќе важи за второ и петто одделение. Но, за овие две одделенија сѐ уште не се испечатени учебници.