Со какви проблеми се соочува денешниот пазар на труд и какви предизвици не очекуваат во иднина
Водечките економски сили во Европа сè потешко доаѓаат до работници, а истата ситуација ги погоди и другите земји од Европската унија, вклучувајќи ги и Хрватска и Словенија, но и земјите од регионот кои не се дел од ЕУ: Македонија, Босна и Херцеговина и Србија. Во последните две години сведоци сме на се поинтензивни промени на пазарот на труд, без разлика дали се позитивни или негативни. Се раѓаат нови занимања, нови услови за работа како работа на далечина, се привлекуваат вработени на сите можни начини, се размислува за воведување скратена работна недела или ден, а бенефициите никогаш не биле поголеми. Со какви проблеми се соочува пазарот на трудот денес и кои предизвици не очекуваат во иднина се само дел од темите за кои ќе разговараат лидерите во HR индустријата на нашиот вебинар насловен „Што се случува на пазарот на трудот во регионот и ЕУ?“ Вебинарот ќе се одржи на 7 септември од 14:00 до 15:30 часот, а за него можете да се пријавите преку линкот за да добиете потсетник со линк до вебинарот непосредно пред преносот во живо.
Во потрагата по одговори на жешките теми на пазарот на трудот ќе ни помогнат Веса-Пекка Кирси, Senior Vice President/Head of Alma Career групацијта на портали за вработување во ЦИЕ, Балтикот, Балканот и Финска, и лидерите на водечките регионални портали за вработување: Дарко Велков - Генерален менаџер на - Vrabotuvanje.com – Македонија, Игор Жоња, Извршен директор/претседател на Tau on line d.o.o./портал MojPosao – Хрватска, Соња Четковиќ, Managing director Poslovi Infostud – Србија, Мерсиха Мима Мехиќ, Генерален /извршен директор, Kolektiv (Mojposao.ba) Босна и Херцеговина и Томаж Беркопец, Директор на порталот Deloglasnik- Словенија.
Што сè ќе дознаете на вебинарот?
Со цел да се сумираат најважните теми од областа на пазарот на трудот во час и половина, присутните ќе се фокусираат на се поголемиот недостиг од работници, влијанието на инфлацијата врз животниот стандард на граѓаните, но и на претприемачите кои, поради растот на цените беа принудени да ги зголемат платите за да ги задржат квалитетните работници. Ќе го допреме и прашањето за закрепнување на одредени индустрии од последиците од корона кризата, ќе дознаеме кои индустрии успеале во ова, а кои сè уште се борат, колкав е замавот на движењето т.н. „great resignation“, како нашите работодавачи пливаат во новите услови за работа, колку се флексибилни во однос на работа на далечина и скратената работна недела, нови начини на интервјуа и колку вложуваат во Employer branding-от на своите компании. Ќе се обидеме да дознаеме и колку пазарот на ЕУ и регионот е атрактивен за работниците од другите земји и кои земји се најголеми извозници, а кои увозници на работна сила.
Увертира во Регионалниот саем за вработување
Сите овие актуелни теми се само вовед во тринаесеттиот по ред најголем онлајн Регионален саем за вработување, кој ќе се одржи од 17 до 21 октомври 2022 година. Како и секоја година, така и оваа година саемот ќе биде активен во исто време во Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија и Србија.
На саемот можете да се истакнете како Брендиран, Ексклузивен или Премиум изложувач. Кој штанд и да го изберете, секој од нив нуди бројни поволности и пропорционално учество во медиумска кампања, која вклучува публикации на водечките портали за огласување слободни работни места (MojPosao - Хрватска, Poslovi Infostud.com - Србија, Вработување - Македонија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина, Deloglasnik – Словенија).
Детални спецификации на штандовите можете да најдете во презентацијата.