Бројот на туристите е во периодот јануари – јуни 2022 година е зголемен за 75 проценти во однос на истиот период лани, а бројот на ноќевањата бележи раст од 66,3 отсто.
Според Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е зголемен за 25,4, а на странските за 131,3 отсто, додека во однос на ноќевањата, кај домашните туристи има зголемување за 29, а кај странските за 109,2 процента.
Бројот на туристите во јуни 2022 година изнесува 83 532. Од нив, 32,3 отсто се домашни, а 67,7 се странски. Бројот на ноќевањата е 189 111 и од нив 39 проценти се од домашните, а 61 отсто од странските туристи.