Врнежливото време е време кое секогаш не’ асоцира дека треба да бидеме дома, а тоа е досадно и целосно непродуктивно нели? Но, наместо да кукате дека времето надвор не е добро и да седете дома превртувајки ги очите од досада, пробајте да направите нешто од следните наши предлози.
Направете мени за јадење
Комбинирајте ја подготовката за оброци со забавна активност за децата. Започнете со тоа што ќе побарате од вашите деца да ви помогнат да отворите сопствен ресторан дома. Вклучете ги во планирањето на оброците што сакаат да ги јадат за деновите или неделата што следуваат, а потоа смислете креативно име за секое јадење од менито. Конечно, ставете ги овие идеи на хартија, додавајќи забавни дизајни или илустрации за храна.
Исчистете го плакарот од непотребни алишта
Речиси секогаш кога треба да излеземе се среќаваме со проблемот „немам што да облечам“, а плакарот ни е полн со алишта кои не ги носиме. Кога времето е сончево чистењето на плакарот баш и не ни е во приоритетните идеи, па врнежливиот дел нека биде ден за распределување на вашата облека.
Разгалете се со топла бања
Денеска е идеален ден за да ја наполните кадата со вашата омилена купка и да си дозволите целосно опуштање. Дајте му го на вашето тело тоа што го заслужува.
Поканете ги вашите пријатели и играјте друштвени игри
Игрите не се само за децата нели? Во ваквите денови, играњето на друштвени игри ќе ве врати во детството. Доколку не практикувате да играте друштвени игри, тогаш со гаранција ќе ви биде забавно.
Испечете чоколадни колачиња
Дождливиот ден најдобро оди со испечени чоколадни колачиња.
Направете домашно кино
Затемнте ги прозорците, земете пуканки и направете домашен филмски маратон. Погледнете ги нашите предлог идеи за филмови