Недостигот од работници во Германија, според информациите на претприемачите, ја намалува ефикасноста на фирмите и приходите - објави emigriko.mk.
„Се повеќе компании мораат да го ограничат своето работење бидејќи едноставно немаат доволно персонал“, вели Стефан Зауер од Ifo - минхенскиот институт за економски истражувања. Според проценките на експертите, овој проблем би можел да стане уште полош на среден и долг рок.
Најголем недостиг на работници е забележан во услужната дејност, а погодени се дури 64 отсто од хотелиерските и угостителските компании. Слична е состојбата и во транспортот и превозот на стоки.
Во секторот преработувачка индустрија најпогодена е прехранбената индустрија. Во градежниот сектор 39,3 компании се жалат на недостиг од работници, а бројката би била поголема доколку градежните компании би можеле да работат со полн капацитет, што во моментов не е случај поради недостиг на материјали.
Традиционално, сè уште има недостиг од експерти во ИТ индустријата и во автомобилската индустрија, како и во здравството.
Целиот текст е на emigriko.mk