Во Германија е во тек еден вид енергетска транзиција.…
Федералната влада, наводно, работи на дополнително заострување на даноците за автомобилите со бензински или дизел мотори - пишува emigriko.mk.
Тие планираат да ги ослободат од товар (давачки) автомобилите што штедат гориво, а електричните автомобили може да добијат дури и дополнителен бонус, пренесуваат специјализираните портали.
Износот на данокот на моторните возила е поврзан со емисиите на CO, додека новорегистрираните електрични возила со батерии или водород се ослободени од овој данок во првите десет години. Тие разлики меѓу типовите на погони и вредностите на потрошувачка сега наводно ќе се заострат.
Позадината на размислувањето е веројатно фактот дека новите автомобили што испуштаат штетни емисии за климата ќе бидат забранети од 2035 година во Европската унија.
Целиот текст на emigriko.mk