Платежните картички, како иновација, се одличен изум кој заменува носење на многу кеш во себе, што им го олеснува и поедноставува животот и плаќањето на луѓето. Но, како и секој друг изум кој не е и не може да биде совршен, така и платежните картички си имаат мани.
Кога плаќате со кеш, физички давате банкноти, па сте принудени да размислувате за сумата. Но, лесно е да ја поминете картичката кога сумата е само број и потоа морате до крајот на месецот да се справувате со трошењето.
Па како да го избегнете претераното трошење со кредитната картичка? Очигледно, носењето повеќе кеш е лесно решение, но плаќањето со кеш не е секогаш опција. Наместо да го менувате начинот на трошење, обидете се да го смените начинот на размислување.
Професорите по маркетинг, Промотеш Чатерџи и Рандал Роуз се запрашале да не е можеби затоа што плаќањето со кредитна картичка всушност го менува начинот на кој ги перципираме продуктите. Нивната хипотеза била дека кредитните картички ве тераат да се фокусирате на бенефитите од продуктот, додека кешот прави да се фокусирате на тоа колку чини. Една студија од 2011 година покажа дека тоа е точно.