Искористете го попустот за рана пријава за да учествувате на овогодинешниот онлајн Регионален саем за вработување!
Дали сакате да постигнете поголем досег на пазарот на трудот и да ги пронајдете вистинските кандидати за вашата компанија? Дали сакате да се претставите пред јавноста и да го зајакнете вашиот имиџ како посакуван работодавач?
Тогаш сте на вистинското место!
Токму за вашите потреби, тринаесетта година по ред го организираме најголемиот онлајн Регионален саем за вработување, кој ќе се одржи од 17 до 21 октомври 2022 година.
Саемот, кој минатата година оствари над 49.000 апликации од кандидати, е посебна можност што ја користат компаниите кои инвестираат во employer branding и пронаоѓање квалитетни кандидати, за да ја истакнат својата компанија како работодавач.
Дали знаевте дека employer branding досегот на саемот е над 7.200.000 корисници/потенцијални кандидати? Досегот е постигнат благодарение на богатата маркетинг кампања во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Словенија. Токму овие остварени бројки го посочуваат саемот како неизбежно место за средба на истакнати работодавачи и работобаратели и го прават Најголем employer branding настан во регионот.
Сега имате можност да добиете 10% попуст за учество на саемот, а се што треба да направите е да се пријавите до 31 август.
Покрај бројните придобивки од учеството на онлајн саемот, претходните учесници истакнаа и дека платформата за креирање штанд е исклучително лесна за користење, бидејќи во само неколку чекори можете да го креирате вашиот штанд во согласност со визуелните и комуникациските насоки на вашата компанија. За време на секој чекор, ќе ви биде достапна нашата поддршка, така што ќе можете лесно да ги користите сите ставки од саемот.
Како дел од подготовките за Регионалниот саем за вработување, оваа година, пред саемот, може да се информирате за трендовите на пазарот на трудот, движењето на работната сила надвор и во границите на регионот и ЕУ, како и други актуелни теми како дел од бесплатниот вебинар „Што се случува на пазарот на трудот во регионот и ЕУ?“ во кој ќе учествуваат водечките луѓе на пазарот на труд. Прочитајте повеќе информации на линкот и регистрирајте се.
Искористете го попустот за рана пријава на Регионалниот саем за вработување до 31 август 2022 година.