
Според податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во јуни најниската просечна нето плата е исплатена во секторот Заштитни и истражни дејности – 17.878 денари (под минималец – 18.000 денари).
Понатаму следи Производство на кожа и слични производи од кожа – 19.529 денари, па Услуги поврзани со одржување на згради и дејности за уредување и одржување на животна средина и природа – 19.823 денари, Производство на облека – 22.202 денари и Дејности за подготовка на оброци и служење храна – 22.406 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2022 година, изнесува 31.869 денари.
Меѓу најдобро платените работници во нашата земја се најдоа компјутерџиите, банкарите, научната фела.