Доколку се наоѓате во хаотична работна околина, а дополнително и надреденото лице е тешко за разбирање, на вас не ви е лесно.
Секој ден се носите со стресот на работното опкружување, а вашиот шеф е личност која настапува кон вас и остатаните колеги агресивно, гласно и нефер, а сите вие тоа многу добро го чувствувате. Како да се однесувате?
Најлошото што можете да го направите за себе е да го избегнувате шефот? Можеби е тешко да го трпите кога е напорен, па чувствувате потреба да отстапите и да се надевате на разрешување на ситуација, но до тоа нема да дојде. Дури и овогодишното истражување направено на 250 вработени и шефови, покажа дека ништо не добивате со избегнување на проблемот, дури и кога проблемот е – вашиот шеф. Со тоа само ја продолжувате тензијата и агонијата, а му наштетувате и на вашето здравје.
Уште еден вид на однесување кое не ја решава ситуацијата, а многумина мислат дека со него добиваат поени кај шефовите, е афирмативното и дополнително ангажираното однесување кон шефовите. Се нудите да направите некои работи наместо него, преземате дополнителни работни часови за да оставите впечаток на вредна личност… Тоа не е решение на вашиот проблем. Експериментот во рамките на споменатото истражување покажа дека на вашиот агресивен шеф не сте му важни повеќе доколку се ангажирате дополнително, но тоа е однесување карактеристично само за агресивните, но не и нормалните шефови (кои го ценат вашето залагање).
Што, всушност, ја решава ситуацијата?
Истражувањето не покажа многу, па дури ни начинот на кој се решава овој проблем, Постои едно решение кое можеби нема да го промени вашиот шеф, но ќе направи вие да се чувствувате подобро. Едноставно спротивставете му се на шефот, изборете се за себе, а во најлош случај – напуштете ја работата. Залагањето за себе, ќе ви донесе самодоверба и верба во себе која можеби ви била потисната при работењето со агресивен шеф, а љубовта и почитувањето кон себе ќе ви бидат потребни на новото работно место.
Слободно бидете лицето со став и вредности кое никако не смее да се злоупотреби. Напуштете го работното место во кое не можете да растете или барем да бидете третирани како човек и тогаш знајте дека сте ја направиле најдобрата работа за себе.
денар.мк