Карнеги институтот за наука и неговите научници открија дека силниот ветар кој дува на отворените води е во состојба да произведе дури пет пати повеќе енергија од ветерните турбини кои се поставени на копно. Резултатите се објавени во списанието Proceeding of the National Academy of Sciences.
Еолските паркови се големи постројки за добивање на електрична енергија од силата на ветрот. Иако во моментов на отворено море не постои ниеден еолски парк, резултатите од споменатата студија упатуваат на тоа дека проучувањето на оваа технологија е исплатлива инвестиција, дури и кога би станувало збор за различна продуктивност на таквите паркови, зависно од измената на годишното време.
„Во зимскиот период еолските паркови поставени во северниот дел од Атлантскиот Океан можат да произведуваат доволно количество на енергија, потребна за потребите на целиот свет. Во текот на летото таквите паркови ќе произведуваат само толкаво количество електрична енергија за да се покријат потребите на европските земји или на САД“, се вели во студијата.
Студијата се темели на информатичките модели со коишто продуктивноста на големите еолски паркови во Канзас се споредуваа со имагинарните еолски паркови коишто би се поставиле на средина во океанот.
Во некои области, особено во северен Атлантик, еолските паркови би можеле да бидат многу попродуктивни од оние на копното, бидејќи отпорот на заоблените лопатки на ветерните турбини на ветерот би бил поголем од оние на копното. Покрај тоа, еолските паркови на океаните би можеле да фаќаат енергија од атмосферата.
„Големите океански еолски паркови би можеле да го користат ветрот од атмосферата, за разлика од копнените кои се ограничени со ветерот кој дува во пониските делови од атмосферата“, вели Ана Поснер, ко-автор на студијата.
Поснер потсетува дека и во Палм Спринг на една полјана се вртат 3.700 крила на ветерните турбини кои произведуваат електрична енергија за блискиот Лас Вегас. Тие работат на пустински ветер, а градот се наоѓа сред пустината на Невада. Покрај тоа, треба да се потсети и дека Белгија и Шпанија 30 отсто од вкупното производство на електрична енергија ја добиваат од енергијата на ветерот.
“Она што ние го опишуваме, денес можеби не е многу економично, но кога би имале индустрија која започнува во таа насока, исто така треба да имаме поттик за да ја развиеме”, вели Кен Калдеира од Институтот Карнеги.