Македонија увезува најмногу млеко токму од Србија
Производителите на млеко во Србија предупредуваат дека заради тешката состојба во која се наоѓа овој сектор како последица на ниската откупна цена и поскапувањето на добиточната храна, производството драстично се намалува, и од септември е можен недостиг на млеко.
Како што пренесува српската агенција Бета, поради ова производителите на млеко трпат големи загуби и се одлучуваат да ги продадат кравите, поради што производството паѓа.
Недостигот на млеко во Србија сигурно би се одразил и врз производството и снабдувањето со млеко во Македонија, со оглед дека најголем дел од увозот на млеко е токму од соседна Србија. Според податоците од Државниот завод за статистика, Македонија увезла 26 милиони килограми млеко и млечни производ во вредност од 37 милиони евра. Најголема количина или 11,3 милиони килограми во вредност од 9,5 милиони евра биле увезени токму од Србија. Вредносно најголем увоз од 10,3 милиони евра е направен од Германија, но најголем дел е увоз на кашкавали и путери.
Српските земјоделци на ова предупредуваат уште од почетокот на пандемиската криза. Дополнителна причина за недостигот на млеко на пазарот е и фактот што производството на оваа храна паѓа и на светскиот пазар поради инфлацијата и цената на храната, па нема евтина суровина за увоз.
Целиот текст е на izvoz.mk