За многу возачи, најдобриот автомобил е – нов автомобил. Но не и за финансискиот гуру, Дејвид Бах, еве зошто
Овој американски писател, претприемач и мотивациски говорник, кој е познат по бестселерот „Автоматски милионер“, верува дека купувањето на нов автомобил е „најлошата финансиска одлука која може да ја донесеме“.
„Во моментот кога ќе го одвозите вашиот нов автомобил надвор од салонот за продажба, тој веќе има изгубено значителен дел од неговата оригинална вредност“, објаснува Бах за CNBC. „Веќе по една година, вашиот автомобил вреди 20-30% помалку во споредба со почетната цена, а за пет години падот на вредноста е 60% или повеќе“.
Дејвид Бах смета дека најлошо од сè е што повеќето луѓе позајмуваат пари (земаат кредит) за да си дозволат нов автомобил.
„Зошто воопшто би позајмиле пари само за да добиете посед на нешто што ќе загуби до 30% од својата вредност во речиси истиот момент?“
На купувачите кои сакаат да купат нов автомобил Бах им препорачува да изберат возило од лизинг на возраст од 2-3 години. Според него, таков автомобил е „скоро како нов“ и може да го купите по цена што е 30 отсто пониска.
Дејвид Бах, исто така, ги советува клиентите да ги пресметаат своите годишни трошоци пред да купат нов автомобил.
„Немојте само да се фокусирате на месечните трошоци за отплата на возилото (ако купувањето е на кредит), туку согледајте колку автомобилот ве чини на годишна основа, вклучувајќи осигурување, трошоци за гориво, редовно одржување и слично“.
Бах понатаму советува така пресметаната сума, која мора да ја издвоите за своето возило за една година, да ја споредите со месечните приходи и да се запрашате – дали навистина ми треба автомобил кој чини толку многу на годишна основа, или тоа може да биде во некој поевтин, можеби малку постари, но кој сеуште е во добра форма?
И покрај сите аргументи на Дејвид Бах, многу купувачи (особено во земјите со висок стандард) се одлучуваат за купување на ново возило, што на крајот сепак е добра вест за сите оние кои ја следат логиката на овој финансиски гуру и ги купуваат истите автомобили по 2-3 години како зачувани автомобили од втора рака.