Шејлин Мартинез, девојка од американската држава Ајдахо, на TikTok откри необичен начин да се осигура во случај нејзиниот вереник да ја изневери.
„Мојот вереник штотуку потпиша правен документ кој го заверивме на нотар. Според договорот, ако некогаш ме изневери, мора да ми ги плаќа сметките“, вели Шејлин.
Tаа објасни дека има проблеми со довербата, особено со парите. Таа рече дека нејзиниот вереник лично го потпишал тој документ, но дека нема да го сподели со други бидејќи е единствен и се однесува само на нивната ситуација.
Во февруари оваа година, Шејлин се прославила со видео во кое се сними како вежба за интервју за работа. Таа повикала пријателка да ѝ помогне да се подготви за интервјуто, но не забележала дека камерата за состаноци ѝ е вклучена и дека нејзините потенцијални работодавачи го слушнале нејзиниот разговор со пријателката.
„Ова се најглупавите деловни прашања што сум ги прочитала во животот“, рекла меѓу другото Шејлин. Подоцна погледнала во екранот и сфатила дека цело време се снимала себеси и го испратила видеото до компанијата.
"Ах, не! Многу ми е жал, не сфатив дека се снима. Вежбав, извинете", се извинила, но на крајот не ја добила работата како стјуардеса, а нејзиното видео набрзо стана вирално. Така нејзиниот сегашен работодавач дознал дека Шејлин бара нова работа.