Брз одговор: Околу 1 денар. За детален одговор прочитајте подоле.
Велосипедот не можеш да го ставиш под канцелариската маса! Тротинетот го „збира“ секаде – во автомобил, под маса, на тераса, во лифт… Тротинетот е превозно средство на иднината, особено во густо населените урбани средини. Плус е тивок и не загадува!
Но, колку ве чини возењето со електричен тротинет? Да тргнеме од почеток.
Колку е евтината тарифа во Македонија?
За целата количина на електрична енергија потрошена во ниска тарифа се применува една цена: 0,6193 ден за kWh, независно од потрошувачката.
Сега малку математика. Ако 1kWh чини 0,6193 ден тогаш 1Wh чини 0,0006193 денари. Додека цената на пренос на струја е 3,3742 ден за 1kWh односно 0,0033742 ден за Wh.
За капацитетот на батериите ќе користиме Wh како мерка. За пример земавме тротинет кој има батерија со капацитет од 183Wh.
Еве ја табелата со пресметки:
Тротинет | Батерија капацитет (Wh) | Струја (ден.) | Пренос на струја (ден.) | Вкупно (ден.) | Км со едно полнење |
1 | 183 | 0.1133319 | 0.6174786 | 0.7308105 | 20 |
2 | 275 | 0.1703075 | 0.927905 | 1.0982125 | 30 |
3 | 474 | 0.2935482 | 1.5993708 | 1.892919 | 45 |
Според тоа, за тротинетот ќе ви требаат 0.73 денари и ќе можете теоретски да поминете 20km.
Значи, 100 километри ќе ве чинат само 3,65 денари!
Извор: arno.mk