Граѓаните ќе треба да ги правдаат и докажуваат и парите кои ги добиваат од роднините во странство поради новите измени со кои Управата за јавни приходи ќе добие слободен пристап до банкарските податоци. Ваквите приходи не припаѓаат на системот на оданочување.
-Проблематични ќе бидат средствата од родителите према децата што работат во странство. Или некои такви средства кои не припаѓаат на системот на оданочување. Луѓето ќе треба да ги докажуваат, дека тие приходи всушност се приходи од нивни блиски роднини кои се дадени како поклон. Тоа важи исклучиво за прво колено, сето останато се даночи, вели економистот Горан Рафајловски.
Граѓаните ќе ја добиваат Годишната даночна пријава од УЈП која ќе можат во целост да ја отфрлат, прифатат или да спорат одредени приходи кои сметаат дека не треба да бидат оданочени.
извор: sitel.com.mk