Град Скопје соопшти дека в понеделник, 12 септември, ќе почне земјена, а на 16 септември авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот.
Терестричната дезинсекција против комарци ќе се одвива од 12 до 15 септември 2022, во периодот од 22 до 3 часот наредниот ден. Авионската дезинсекција против комарци ќе се одвива на 16 и 17 септември 2022 во раните утрински часови, информира Град Скопје.
Доколку временските услови не дозволат дезинсекција, прскањето ќе биде првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
Град Скопје апелира до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.