Фестивалот Golden Drum прифати околу 1000 пријавени кампањи кои што ќе се борат за овогодишните награди.
Огласувачи, агенции и други маркетинг и комуникациски професионалци од 24 различни земји ги пријавија своите најкреативни проекти во четири различнии натпреварувачки секции. Најмногу пријавени кампањи доаѓаат од Украина, по што следуваат Полска, Словачка и Унгарија. Скоро две-третини од пријавените кампањи оваа година се поднесени од страна на независни агенции.
Притоа, 24 агенции од 5 различни држави ќе ја имаат можноста освојување на насловот „Јадранска агенција на годината“.
Специјалната награда, оваа година поддржана од Zavarovalnica Triglav, се доделува врз основа на системот за бодување на Фестивалот, во сите секции и специјални групи, за најуспешните пријавени кампањи кои доаѓаат од земјите на Јадранскиот регион: Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија.
„Креативноста нè охрабрува да размислуваме за работи што вообичаено не би можеле ни да ги замислиме. Zavarovalnica Triglav, исто така, се обидува да понуди иновативни решенија кои придонесуваат за напредокот не само на нашата сопствена организација, туку и на околината во која работиме. Како горди партнери на фестивалот Golden Drum, воодушевени сме кога гледаме дека секоја година фестивалот продолжува да ја демонстрира важноста на маркетингот и огласувачката култура, што исто така помага во обликувањето на културата на дијалог во општеството. Огласувачкото опкружување нè поврзува и има важно влијание врз перцепциите на денешниот свет и моќ да се насочи развојот заедно со креативноста, иновативноста и науката. Ова исто така ја зајакнува свеста за заедничка одговорност во градењето на нашата иднина“ – истакнува Тјаша Коленц Филипчиќ, маркетинг менаџер во Zavarovalnica Triglav.
Денот на креативноста Golden Drum ќе се заокружи со прослава на победниците и претставување на нашите креативни потези на танцувачкиот подиум. Ритамот на вечерта ќе го даде Констракта, српска пејачка и текстописец која се натпреваруваше на Евровизија 2022, каде што се пласираше на петтото место. Не пропуштајте!
Фестивалот Golden Drum ќе се одржи на 23 септември 2022 година. Побрзајте и набавете си фестивалска влезница, со која ќе може да ја следите програмата на Golden Drum, наградната церемонија и креативната забава на годината!