Првото работно место е клучот за успехот на секој професионалец. Тоа ни помага да го изградиме својот карактер, да запознаеме нови луѓе и за прв пат да ја вкусиме финансиската самостојност.
Кариерните советници советуваат дека првото работно место е идеално доколку ги исполнува следните критериуми: да овозможува запознавање на што поголем број на луѓе, да нуди можност за дополнителна заработка во зависност од постигнатите резултати и да овозможи простор за опуштена работа без притисок.
Едно такво работно место е и позицијата келнер.
Па не е ни чудо што голем број на докажани професионалци од сферата на бизнисот, науката и културата како прво работно искуство се занимавале токму со оваа професија.
Да го земеме за пример Марк Кјубан – американски бизнисмен и сопственик на кошаркарскиот клуб Dallas Mavericks. На 25 годишна возраст, веднаш откако дипломирал на Универзитетот во Индијана, тој се преселил во Далас кадешто започнал да работи како келнер во локално кафуле. Тој и ден денес кога ќе се потсети на тој период од неговиот живот вели дека благодарение на тогашната работа успеал да запознае пријатели за цел живот.
Сандра Булок е уште една славна личност која што се наоѓа на долгата листа со имиња кои ја започнале својата кариера како келнер. Главната улога во филмот The Blind Side пред да зачекори во филмската индустрија многу добро се снаоѓала позади шанкот. Во минатото, таа работела како келнерка во барот кој се наоѓал во театарот кадешто подоцна се пријавила за глума.
“Кога работев како келнерка научив голем број на различни акценти кои подоцна ми помогнаа да се снајдам во театар“, - изјави таа за Metro UK.
Дали може да ја замислите Елен Деџенерис како наместо водител на The Ellen Show стои позади шанкот и прави коктели? Го правела тоа на почетокот и замислете одлично и одело.
Навраќајќи се на минатото, Елен вели дека работата како келнерка и била една од подобрите работи со кои се занимавала во тоа време. Имајќи ја предвид можноста која ја нуди оваа работа да запознавате нови луѓе и да разговарате на било кое поле со истите, не е ни чудо што Елен денес успева преку своето 40 минутно телевизиско шоу да го освои вниманието на голем број гледачи ширум светот.
Речиси и да не постои некој кој денес не слушнал за актерката Ева Мендес. Меѓутоа, малкумина знаат дека нејзината прва работа била келнерка.
Таа како тинејџерка првите пари ги заработувала работејќи како келнерка во италијански ресторан во склоп на трговски центар.
Сакате да започнете да ја градите својата успешна приказна по примерот на Марк Кјубан, Сандра Булок, Елен ДеЏенерис и Ева Мендес?
Тренинг центарот Академик ви овозможува да се стекнете со потребните вештини и да го добиете најдоброто од оваа професија преку еднодневните, тридневните и тринеделните обуки по швајцарски стандарди. Она што ќе го добиете од обуките е знаење од врвни мастер обучувачи и меѓународен сертификат кој се препознава како знак за квалитет во Македонија, но и во целиот свет.