Нов ресторан отворен во Њу Џерси користи роботи за правење пици и може да испорача голема нарачка за краток временски период, 300 пици за еден час.
Станува збор за ресторан наречен PizzaHQ, кој бизнисот го засновал на машини. Овие роботи се идеални за нарачки кои доаѓаат за организирање забави и слично.
Роботите автоматски ставаат сос, сирење и различни состојки на пицата во зависност од нарачките, а ресторанот PizzaHQ инвестирал и во други машини кои го подготвуваат тестото, ја печат и сечат пицата.
За помалку од една минута пицата е готова за рерна, а процесот на печење трае седум минути. Рерната може да собере неколку пици одеднаш, а откако ќе се испечат, персоналот ги префрла да се исечат, а потоа во кутии.
Сè уште се потребни луѓе за да се префрлат пиците од машина на машина, но употребата на роботи му овозможува на ресторанот да ослободи повеќе вработени и да ги пренасочи кон испорака. Оние кои ја пробале пицата „направена од роботи“ велат дека е одлична.
извор: biznisinfo.mk