Уставниот суд не донесе одлука за предметот кој опфаќа работа во недела, поради недоволно мнозинство гласови.
За да се донесе одлука на Уставниот суд му се потребни најмалку пет гласа, а во моментов има вкупно претмина судии од кои еден имаше спротивставено мислење, па порди тоа предметот не помина на седницата.
Во иницијативата се наведува дека ден на неделен одмор може да биде кој било друг ден во неделата, дека е утврден и додаток на плата за работа во недела во износ од најмалку 50 проценти за секој час поминат на работа и од тие причини е дозволена нееднаквост на граѓаните пред законите, велат од Уставен суд.
Содржани се и наводи дека со ова законско решение работодавачите од економските дејности на кои им се забранува работа во недела и имаат еднаква правна положба од аспект да ги намируваат данокот и другите јавни давачки кон државата кои се утврдени со закон се ставени во нееднаква правна положба со работодавците од економските дејности на кои им е дозволено да работат во недела, од аспект да остваруваат приходи и добивка.
извор: vesnik.com