Меѓународниот Аеродром Скопје по 7-ми пат ја добива наградата „Најдобар аеродром од 2 до 5 милиони патници во регионот Европа“. Свеченото доделување на наградите од страна на Меѓународниот Совет на Аеродроми се одржа на 14-ти септември, во Краков, Полска.
Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, на 14-ти септември 2022 година, на свечена церемонија во рамки на Самитот за искуство на патниците, организиран од Меѓународниот Совет на Аеродроми, во Краков, Полска, ја прими ASQ-наградата за квалитет на аеродромски услуги за Меѓународниот Аеродром Скопје, за 2021 година.
ТАВ Македонија ја добива оваа награда за Меѓународниот Аеродром Скопје во категоријата: “Најдобар аеродром во регионот Европа со 2 до 5 милиони патници годишно” по 7-ми пат, откако претходно ја доби за 2020, 2019, 2018, 2015, 2013 и 2012 година.
Покрај категоријата “Најдобар аеродром од 2 до 5 милиони патници во регионот Европа”, Меѓународниот Совет на Аеродроми го награди Меѓународниот Аеродром Скопје со уште едно признание за 2021 година – “Најдобри хигиенски мерки во регионот Европа”.
Целиот текст може да го прочитате ТУКА: fokus.mk