Најскапите европски недвижнини во 2022 година ќе ги пронајдете во Париз и Минхен, тоа го покажало актуелното истражување на консултантската фирма „Делојт“.
Купувачите кои ќе се одлучат за нов стан во сојузната германска држава Баварија, во просек мора да платат по 10.500 евра за метар квадратен. Од Минхен поскап е само Париз каде просечната цена по метар квадратен е точно 13.426 евра.
Следат Лондон, Осло и Франкфурт со средна цена од 8.400 евра.
Судејќи по сè, цените на недвижнините „дивеат“, барем на Стариот континент, додека пак во САД дошол до благ пад. Останува прашањето дали таквиот развој на ситуацијата ќе стигне и на европскиот пазар?
Секако цените не се толку високи во сите европски градови, но разликите се евидентни – 900 евра метар квадратен во бугарските градови Варна и Бургас на Црното море, до поголема цена од 10.000 евра во Минхен.
Имено, една од главните причини за високите цени е малата понуда, односно малиот број на станови во новоизградба, а цифрите надминуваат дури и 4.000 евра, што Дубровник го сместуваат меѓу најскапите градови во регионот.
Експертите од „Делојт“ направиле студија врз основа на анализите на цената на недвижнини во 68 големи градови и 23 европски земји. Мајкл Мјулер констатира дека дошло до пораст на цените во цела Европа.
Примарните проблеми кои се наведуваат се: прекинати ланци со снабдување, недостаток на градежен материјал, инфлација и недостаток на работници. Сепак растот на каматата би можел да ја забави побарувачката и со самото тоа – растот на цените.