Утре (22.09.2022 година) жичарницата на Водно нема да работи поради редовен годишен технички преглед, а редуцирана ќе биде и автобуската линија 25 (Транспортен центар – Средно Водно), соопшти денеска ЈСП „Скопје“.
Автобуската линија 25 утре ќе има следен возен ред: од Транспортен центар: 8 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 13.20 ч, 15.20 ч и 17.20 ч. и од Средно Водно: 8.40 ч, 10.40 ч, 12.40 ч, 14.40 ч, 16.40 ч и 18.40 ч.
Од петок жичарницата и линијата 25 ќе продолжат со редовна работа.
извор: skopskoeho.mk