ТАВ Аеродроми е еден од водечките аеродромски оператори во светот во чија мрежа се аеродромите „Ататурк“ во Истанбул, „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир, „Милас-Бодрум“ и „Газипаша“ во Анталија, сите во Турција. Потоа, аеродромите Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфида-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија, како и Загреб, во Хрватска, сите се оперирани од „ТАВ Aеродроми“. Холдингот, исто така, обезбедува услуги преку своите филијали и во други области на аеродромските операции, што вклучува Бесцарински продавници, Храна и пијалоци, Прифат и отпрема на воздухоплови и патници, ИТ, Обезбедување и други Оперативни услуги. Вклучувајќи ги и своите филијали, „ТАВ аеродроми“ во 2016 година обезбеди услуги за 808.000 летови и повеќе од 104 милиони патници.
ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата
ГРАДЕЖЕН ТEХНИЧАР
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Тековно, превентивно и корективно градежно одржување на целокупна инфраструктура на Аеродромите во Скопје и Охрид - станици за ПП, пумпни станици и резервоари, бунари
- Надворешна ПП инсталација, инсталации за водовод, канализациони системи за атмосферска и фекална канализација
- Раководење со системот за водоснабдување и резервоарите
- Изготвување техничка и друга документација за тековно и инвестиционо одржување на инфрaструктурата
- Вршење надзор над изведените работи на инфраструктурата и други објекти од градежен дел
- Изготвување завршни извештаи за завршени работи
- Работа во затворено и на отворено, во разни временски услови
ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ И ЛИЦЕНЦИ
- Средно Техничко Образование (IV степен) – Градежен техничар-Хидро насока
- Најмалку 5 години работно искуство во соодветната област
- Познавање на Англиски јазик
- Возачка дозвола - Б категорија
ВЕШТИНИ
- Комуникациски вештини
- Одлично планирање и организација
- Тимска работа
- Основно поседување на компјутерски вештини
- Добро познавање на процедури и прирачници за одржување
- Следење на текот на трендовите и иновациите во областа и вложување во сопственото знаење
Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на
ЛИНКОТ.