Шпанија планира да понуди „дигитални номадски“ визи за британците и другите граѓани кои сакаат да работат на сонце и да уживаат во пониските трошоци за живот со даночни олеснувања.
Визите ќе им бидат понудени на лица кои работат на далечина за компании надвор од Шпанија и кои остваруваат најмногу 20 отсто од своите приходи од шпански фирми, пренесе британскиот весник „Гардијан“.
Бидејќи законот треба допрва да биде усвоен, уште треба да се разјаснат некои детали, но се очекува визата, во суштина дозвола за престој, на почетокот да важи една година, со можност за продолжување до пет години во зависнот од околностите на поднесителот на барањето.
Блиски роднини, како што се сопружник или деца, ќе имаат право да му се придружат на поднесителот на барањето.
Кандидатите мора да бидат надвор од Европскиот економски простор и во можност да покажат дека работат на далечина најмалку една година. Мораат да имаат договор за работа или, ако се фриленсери да покажат дека биле вработени во компанија надвор од Шпанија.
Тие, исто така, мора да покажат дека ќе заработат доволно за самостојно да се издржуваат и дека имаат адреса во Шпанија.
Во првите четири години тие ќе бидат оданочувани по стапка од 15 отсто, а не по стандарната основица од 25 отсто.
Шпанија со ова ќе им се придружи на уште 15 европски земји кои нудат свои верзии на „дигитални номадски“ визи.