Мoжност за пријава само уште неколку дена - 1-ви октомври е последниот ден за изнајмување на штанд
Обезбедете го вашето место на најголемиот Employer branding настан во регионот, кој и оваа година собира истакнати работодавaчи во потрага по вистинските кандидати. Само еднаш годишно на работодавачите им се укажува прилика да блеснат на посебен начин и да бидат по „видливи“ на домашниот и регионалниот пазар на труд.
Оваа година таа можност наречена Регионален саем за вработување ќе се одржи од 17 до 21 октомври. Станува збор за најголемиот онлајн саем за вработување во регионот, кој традиционално се организира тринаесетта година по ред, со цел компаниите да се претстават како работодавачи и да најдат стручни кандидати според нивните потреби.
Истакнете се на пазарот на труд
Моменталната состојба на пазарот на трудот, за која подетално беше обработена на неодамна одржаниот вебинар, е таква што не остава рамнодушен ниту еден работодавач, бидејќи се води битка за квалитетни кандидати, за да се задржат или да се привлечат.
Затоа, тимовите за човечки ресурси вложуваат големи напори во креирање и имплементирање на активности за брендирање на работодавачите кои ќе и помогнат на компанијата да се издвои од конкуренцијата. За да им помогнеме, дизајниравме уникатен Регионален саем за вработување / онлајн платформа, која може да им послужи како алатка да се истакнат на домашниот пазар на труд, но и да ја пробијат границата и да се претстават и пред кандидати од регионот.
Од година во година, саемот собира изложувачи од различни индустрии кои преку својот штанд се претставуваат преку неколку елементи:
За нас - сегмент каде што имате простор да ја претставите вашата компанија како работодавач, односно да презентирате што е она што го работите
Зошто ние - елемент на штандот каде што можете да истакнете по што се разликувате од конкуренцијата, односно какви бенефиции и поволности им нудите на вашите вработени
Искуства на вработените – потенцијалните кандидати сакаат да слушнат од другите вработени какви се нивните искуства од работата во вашата компанија
Чет - секој излагач има можност директно да комуницира со кандидатите преку опцијата за chat, што придонесува за квалитетот и брзината на процесот на регрутирање
Галерија - објавувањето фотографии од компанијата како дел од галеријата придонесува за визуелна комуникација со потенцијалните кандидати, кои на овој начин добиваат увид во работната атмосфера и култура на компанијата
Мoжност за пријава само уште неколку дена - 1-ви октомври е последниот ден за изнајмување на штанд
Одбројувањето започна, не само до почетокот на Регионалниот саем за вработување, кој трае од 17 до 21 октомври, туку и до денот кога ќе можете да изнајмите штанд за учество на саемот - 1 октомври.
Добро прочитавте, остануваат уште само 4 дена да го резервирате вашиот штанд и да се најдете во групата истакнати работодавачи кои оваа година ќе се претстават пред кандидатите на пазарот на труд преку Брендиран, Ексклузивен или Премиум штанд.
Ова е можност за работодавачите да станат „повидливи“ на домашниот и регионалниот пазар на труд (Employer Branding), со што ќе го прошират својот досег до потенцијалните работобаратели.
Придобивките од учеството на саемот, неизбежно место за средба на истакнати работодавачи и кандидати, пронајдете ги во склоп на презентацијата.
Сакам да се истакнам и да привлечам кандидати! РЕЗЕРВИРАЈ ШТАНД
За дополнителни информации и резервација на штанд, посетете ја веб-страницата на саемот или контактирајте директно:
Каролина Апостоловска
+38977983837
karolina@vrabotuvanje.com.mk