Лиа Шустер Бир на своите вработени им дава дополнителни две недели одмор годишно, бидејќи нема многу работа во тој период.
За време на своите дваесетти години, Лиа Шустер Бир (34) честопати работеше неколку часа по крајот на работното време. Нејзината работна недела се состоеше од 100 часа работа во Голдман Сакс, работа во стартап за социјално влијание во Бостон, завршување на магистерски студии на бизнис училиште и жонглирање со воннаставни програми и практиканти.
Но, неколку месеци пред нејзиниот 30-ти роденден, ѝ било кажано дека боледува од ретка форма на Нон-Хочкинов лимфом. Поминала низ шест рунди на хемотерапија, а кога подоцна истата година открила дека ракот се вратил, морала да се подложи на зрачење и трансплантација на матични клетки, што ја принудило да се одмори од својот брз живот и работа.
Како што и се враќале силите, имала време да размисли за претходниот начин на живот.
Не сум спиела со години – рекла Шустерова, сфаќајќи дека се туркала „до крајните граници на нејзината психа“.
Неколку месеци по ремисијата, поточно пред три години, таа го основаше Alula, онлајн пазар за производи кои им помагаат на сегашните и на поранешните пациенти со рак да се справат со симптомите на нивниот третман.
Таа собра 2 милиони долари за компанијата, а сега води тим од тројца луѓе.
Дури и како претприемач, Шустер-Бир поставила јасни граници помеѓу нејзината работа и остатокот од нејзиниот живот. Еве некои од правилата што ги применила за да се осигура дека никој не работи од 5 до 22 часот како што таа работела некогаш.
По 19:00 часот не смеете да праќате мејлови
За почеток, спроведе тешко прекинување на работниот ден во 19 часот.
– По 19 часот не смеете да праќате мејлови или да организирате состаноци на работа – објаснува младата жена, која со работа почнува околу 10 часот и ја завршува во 19 часот.
Доколку некои од вработените треба да останат до доцна на работа, должни се мејловите да ги закажат за следниот ден, со почеток во 8 часот.
– Оваа одлука ја донесов за да можам да спијам навечер, а не да се занимавам со мејлови – објаснува Лиа и вели дека ваквиот систем функционира одлично.
– Истото правило важи и за викендите – додава таа.
Колективен одмор
Покрај тоа што секој вработен на платформата „Алула“ има 20 дена годишен одмор и неограничени боледувања, компанијата еднаш годишно оди и на колективен одмор.
Како еднократна политика, Лиа му дава на секој вработен во Алула дополнителна недела одмор во мај. Компанијата, исто така, затвора во последната недела од август и последната недела од декември секоја година.
– Нашиот луд, глобализиран, хиперактивен свет навистина се смирува таа недела. Така, повеќето луѓе одат на одмор во тие недели. И мојата мисла беше, зошто би ги трошеле деновите во тие недели? Зошто едноставно не излеземе од бизнисот за да го поддржиме тоа? – објаснува овој претприемачката.