Се најавува ли враќање на задолжителниот воен рок? Идејата ја навести началникот на генералштабот кој побара да се врати задолжителното тримесечно служење војска во земјава.
Идејата за враќање на задолжителен воен рок не наидува на голема поддршка ниту кај помладата генерација. Генералот вели дека ова е негов личен став, а целта би била подобро оспособување на младите во различни ситуации.
“Би добиле оспособување на кадрите за какви било можни ангажирања во случај на пожар, поплави, земјотреси. Би ги подготвило за сите овие пред малку што ги споменав карактеристики, на почитување на хиерархии, субординација...”
Служењето на воениот рок во Македонија не е задолжително веќе десетина години, односно последната генерација што задолжително мораше да служи воен рок беше во 2006 година.
Во Европа, војска мора да се служи во 10-ина земји меѓу кои Шведска, Норвешка, Данска, Финска, Австрија, Швајцарија, Русија, Грција...