Албанската Влада се предомисли па одлуката, што требаше да стапи во сила денеска, кој троши повеќе од 800 киловат часови месечно да плаќа поскапа струја, нема да се применува.
Премиерот Еди Рама во денешната онлајн комуникација со граѓаните, ги наведе причините зошто е повлечена одлуката, која според него, можно е да почне да се применува од следниот месец, што зависи од тоа колку самите граѓани ќе штедат во потрошувачката како и хидролошките услови.
Регулаторниот завод за енергетика на 24 минатиот месец, по предлог на владата, одобри зголемување на цената на енергијата за 4,4 пати за домаќинствата кои месечно трошат повеќе од 800 киловати електрична енергија, односно наместо 9,5 лека, цената требаше да биде 42 лека за киловатчас.
Оваа одлука требаше да се применува до 31 декември годинава.