И понатаму има намалување на количината или квалитетот на производите, а цените се повеќе се зголемуваат. Сега е невозможно да се контролира дали граѓаните се манипулирани преку цената, количината или квалитетот на производите.
Изгледа идентично, но едниот леб има 420 грама а другиот има 470 грама, додека во супермаркетите разликата во цената е многу мала или воопшто нема разлика.
Граѓаните се чувствуваат изманипулирани, велат се принудени да прават проверки пред да купат.
Сопствениците на пекарите велат дека лебот на секоја фирма го продаваат со количината што ја бараат и не е нивна одговорност доколку има можни манипулации со количината или цената.
Од друга страна, најавено е поскапување за 10 отсто на брашното, лебот и производите од брашно доколку до крајот на ноември не се прифатат барањата на групата пекари и мелници. Мелничарите бараат државата да дава субвенции или да ја ограничи цената на струјата како во некои други држави од регионот. Побараа и вишокот на струја што ја продава ЕСМ прво да им се понуди на нив.
извор: alsat.mk