Оваа иновативна вештачка интелигенција ја намалува цената на храната на која и се приближува крајниот рок за употреба за потрошувачите да платат помалку за храна која наскоро ќе биде неупотреблива.
На тој начин супермаркетите го намалуваат отпадот од храна и истовремено го зголемуваат профитот. Синџирите супермаркети годишно фрлаат непродадена храна со поминат рок вредна милиони долари. Уште пострашен и ироничен е податокот дека 1/3 од целата произведена храна во светот никогаш не стигнува до нашите трпези, додека во многу делови од светот луѓе умираат од глад.
За да се одгледа таа храна која на крајот се фрла се испуштаат 11% од стакленичките гасови во атмосферата.
Решението наречено Wasteless AI досега го има намалено отпадот од храна во синџирите каде што се тестира за дури 39%, додека истовремено на купувачите им овозможува да заштедат пари и да ја заштитат нашата планета.
За годинава планирано е Wasteless AI да ја има во околу 300 продавници во Европа. Стартапот Wasteless, кој ја креирал вештачката интелигенција, е дел од иницијативата The Circulars Accelerator Cohort 2021, која ја организираше Accenture заедно со UpLink, Anglo American, Ecolab и Schneider Electric.
Извор: inovativnost.mk